Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција истакна дека од 120 македонски државјани во Украина, 80% се евакуирани.
Тој додаде дека останати се 8 граѓани кои бараат евакуација, а се работи за 4 македонски граѓани и 4 украински граѓани.
Османи истакна и дека има околу 20 македонски државјани кои не бараат евакуација од земјата, односно им кажале да не ги бараат повеќе за оваа тема.