На паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила.

Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето било извршено во периодот од 23:00 часот на 27 декември до 09:00 часот на 28 декември 2025 година, при што е причинета вкупна материјална штета од околу 11.000 евра.

Извршен е увид, а за случајот е известен јавен обвинител, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот, соопштуваат од полицијата.

Фото: илустрација (Pexels)

Текстот Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра е превземен од МАКФАКС.