Aктерот Џош Бролин (52) стана татко по четврти пат! Ѕвездата на „The Avengers: Endgame“ и неговата сопруга Катрин Бролин на Божиќ го дочекаа своето второ заедничко девојче.

Чепл Грејс Бролин е родена во 18:20 часот на 20/12/20 – Нашиот мал божиќен ангел“, сподели Кетрин на својот инстаграм – профил.

Instagram
Instagram

Каде и патуваме со Кетрин, секогаш наоѓаме голема утеха во капелите. Иако не сме особено религиозни, чувството на Бог постојано ги преплавува нашите животи, а капелите отсекогаш биле светилишта каде сме се чувствувале благодарни. Чепл Грејс, за нас, е манифестација на тоа небесно чувство што секогаш го чувствуваме кога се молиме“, напиша актерот на својот инстаграм-профил.

Instagram
Instagram

Џош и Катрин се во брак од септември 2016 година и веќе се родители на 2-годишната ќерка Вестлин Реин.

Instagram
Instagram

Актерот има и две возрасни деца, ќерката Идн (26) и синот Тревор (32) од првиот брак со актерката Алис Адер.