Четири лица загинаа, а едно е повредено при оружен напад во бизнис-зграда југоисточно од Лос Анџелес, Калифорнија, соопшти рано утрово американската полиција.
Меѓу убиените има и дете за кое не се знае зошто се наоѓало таму во момент на инцидентот во просториите на деловната зграда. Напаѓачот е ранет како одговор на полицијата која излегла на местото на инцидентот.
– Advertisement –
Детали за мотивот за нападот засега не се познати.