Репрезентацијата на Хрватска вечерва беше поразена од Шпанија со 5:3 во мечот од осминафиналето на Европското првенство.

Хрватска и Шпанија одиграа навистина неверојатен натпревар на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, а на крајот „Црвената фурија“ победи по продолженијата со 5:3.

Шпанците водеа со 3:1 во финишот од мечот откако стигнаа до пресврт и се чинеше дека тогаш сè веќе беше решено.

Но, тогаш Далиќ во игра го внесе Мислав Оршоќ, кој создаде пресврт. Оришиќ најпрво погоди за 3:2, а потоа во 92. минута му асистираше на Пашалиќ за 3:3.

Сепак, на почетокот на првото продолжение Хрватите промашија два гола за целосно пресврт во мечот, кои Шпанците успеаја да ги казнат и на крајот славеа со 5:3.

По испаѓањето од Европското првенство, Оршиќ прв се појави пред хрватските новинари, кок покажа дека заслужува многу поголема шанса на ЕУРО.

“Како прво, би сакал да им се заблагодарам на нашите навивачи кои дојдоа да не поддржат во толкав број. Кон крајот на натпреварот паднавме, а тие ја искористија секоја шанса и заслужено победија”, рече Оршиќ и додаде.

“Не успеавме да постигнеме гол кога играта беше прекината, но што е, тука е. Тешко е да се зборува за тоа сега”.

Шпанија оди во четвртфиналето каде ќе игра против победникот на вечерашниот натпревар помеѓу Франција и Швајцарија.