„Инспекторатот за јазици е еден од клучните столбови на Законот за употреба на јазиците и conditio sine qua non за неговото спроведување, вклучувајќи и санкции за непочитување на законот“, велат од ДУИ.

„Оваа клучна институција беше основана, вработените беа обучени и лиценцирани, обезбедувајќи надзор над спроведувањето на законот и заштита на јазичните права на Албанците.

Она што сега го гледаме е намера за координиран и свесен напад врз овој механизам, исто како што се случи со Балансерот, со цел да се деградира, ослабне и на крај да се укине целосно.

Овие дејства претставуваат директен напад врз еднаквоста и достоинството на Албанците, кои беа изградени со напор и жртви низ годините.

Албанците веќе се на прагот на трпението со оваа систематска кампања на деградација и негирање на механизмите за заштита стекнати со Охридскиот договор.

ДУИ остро го осудува овој пристап и ги повикува владата, меѓународната заедница и сите граѓани да не дозволат овој напад врз клучниот механизам за зачувување на еднаквоста и имплементацијата на Охридскиот договор.

Албанците нема да прифатат ниту еден чекор наназад во своите права и нема да дозволат уништување на институциите кои ги гарантираат нивното достоинство и еднаквост“, се наведува во соопштението на ДУИ.