Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани на патниот правец А3 Кочани – Штип кај село Облешево од 10:15 часот е блокирана.

Со 12 земјоделски машини околу 80 до 100 граѓани – оризопроизводители го блокираат патот, информира АМСМ.

Сообраќајот се одвива наизменично.