Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, Бразилецот Роналдо кој во својата кариера играше за гиганти како Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан, го избра најдобриот фудбалер со кој некогаш играл заедно.

Изборот за Роналдо беше лесен, најголем впечаток му остави Зинедин Зидан.
– Зизу е најдобриот фудбалер со кој некогаш сум тренирал или игра, а сега е тренер со освоени три шампионски титули во ЛШ едноподруго. Понекогаш се прашувам дали Зидан е подобар како играч или како тренер – изјави Роналдо.

Роналдо и Зидан беа соиграчи во Реал Мадрид од 2002 до 2006 година кога беа дел од оригиналните галактикоси на Флоренитино Перез и успеаја да освојат една титула во Лигата на шампионите.

Исто така Бразилецот откри кои му беа омилени играчи кога беше тинејџер.
– Марко Ван Бастен. Од мал го следев италијанскиот фудбал, а посебно внимание обрнував на Ван Бастерн. Исто така Марадона и Кројф ми беа голема инспирација, како и Зико. Тој играше во Фламенго, а јас сум навивач на тој клуб. Од сите нив се обидував да „украдам“ по некој дел од играта и можам да кажам дека сум горд на кариерата која ја имав – додава Луис Назарио да Лима Роналдо.