Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија со победа го започна квалификациите за ЕП совладувајќи ја БиХ со 3:1 во сетови. Прво име во победата на Македонија беше капитенот Никола Ѓоргиев кој признава дека не одиграле најдобро но сепак, победа си е победа.
– Ова беше многу тежок натпревар, но пресреќен сум за победата. Ова е најлошиот натпревар кој го имам играно во репрезентативната кариера бидејќи немавме никакви детали за противникот. Моравме да победиме бидејќи да бидеме реални Турција е фаворит во нашата група, а ние успеавме во тоа, не со добра игра, не со константна игра, одбраната потврфли и таа мора да ниде подобра. Ќе ги земеме позитивните работи и ќе се подготвуваме за Турција за која имаме детали за нив, ја знаеме нивната игра, нивната тактика – вели капитенот Ѓоргиев.