-Подготвени сме, веднаш да започнеме со воспоставување европски практики и имплементирање на европски вредности преку јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел аплицирање на ЕУ проекти и интензивирање на соработка со ЕУ и прекуграничната соработка, рече Ѓорги Ѓорѓиевски, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:
-Веднаш воспоставуваме, ја интензивираме и ќе ја реафирмираме економската, културната соработка и соработката во областа на образованието со сите збратимени градови со Битола, во насока на размена на искуства и усвојување применливи добри практики. Гарантираме сите претставници на конзуларните претставништва да ги ставиме во функција на обезбедување контакти и релации на соработка, размена на искуства и практики преку семинари, обуки и студиски посети. Сето ова во функција на одржливиот развој на Битола, локалниот економски развој, инвестициите, новите работни места, обезбедување на поквалитетен живот за сите граѓани. Со сите овие сериозни проекти започнуваме веднаш и за тоа професионално и институционално ќе ја засилиме општинската администрација, а во основата ќе биде непосредната соработка со претставниците на граѓанскиот сектор. Битола ја заслужува Европа, но и Европа ја заслужува Битола! Доста е од затворени врати и непродуктивна локална самоуправа.