Меѓународната невладина организација „Спасете ги децата“ („Save the Children“) потсети дека во нападите врз Газа изминатата недела загинаа 59 деца, и ги повика страните на итен прекин на огнот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Повеќе од 1.000 луѓе се повредени во Газа, од кои 366 деца. Ова значи дека секој час скоро три деца се повредени во Газа откако започна ескалацијата меѓу Израел и вооружените групи во Газа на 14 мај“, соопшти Организацијата.
Потсетувајќи дека минатата недела во нападите загинаа 59 деца во Газа и две деца на југот на Израел, се истакнува дека страните се повикани на итен прекин на огнот.
Меѓу другото, во соопштението се забележува дека спасувачките напори се дојдени до завршна точка поради оштетувањето на електричните водови во бомбардирањата. Исто така се додава дека единствените извори на електрична енергија во Појасот Газа е горивото и дека израелската страна ја затворила границата од каде што доаѓа горивото.
„Бомбардирањата продолжуваат. Здравствените установи и цивилната инфраструктура можно е наскоро да дојдат во ситуација да не можат да обезбедуваат основни материјали и итно лекување. Покрај тоа, критично болни и повредени деца не можат да излезат од Газа за да се лекуваат“, нагласуваат од организацијата.
Во нападите на Израел врз Појасот Газа од 10 мај, животот го загубија 200 лица, од кои 58 деца и 34 жени. Повредени се 1.307 лица. Исто така десетици згради беа целосно уништени или оштетени.