Вечерва пратеникот Иван Јорданов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма говореше за економската состојба во Македонија и за неефикасноста на мерките кои што владата ги спроведуваше.

„Добро поучени од претходниот период она што е општ впечаток, а и податоците од Заводот за вработување кажуваат дека мерките кои што биле имплементирани не вродиле со плод. И тоа е очигледно затоа што дури 55.000 наши сограѓани како последица на пандемијата и на здравствената и економска криза останале без работа“, нагласи Јорданов.

Јорданов посочи дека очигледно е дека финансиската и здравствената криза имало директно влијание врз стопанството и затоа вкупно во Македонија за оваа година бројот на невработени лица е 55.000.