Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков е нов тренер на екипата на Пеќ.

Ангажманот во косовскиот прволигаш значи враќање на Давитков во европската клупска кошаркар по пауза од 13 години. Давитков од 2008 година тренира екипи од Блискиот Исток, Ал Квадсиа, Ал Јахра, Кувајт, Ал Васл, Ал Шааб, Банијас и Ал Квадсиа се тимовите кои во последните 13 години ги предводеше поранешниот кошаркар на Работнички и на Никол Ферт.
Јорданчо Давитков од 2017 до 2019 година беше и селектор на македонската репрезентација исто како и во периодот од 2001 до 2007 година.

Се очекува Давитков да потпише договор до крајот на сезоната со тимот кој моменто се наоѓа на третото место во косовскиот шампионат.