Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев учествува во работата на политичкото собрание на ЕПП во Брисел.
Ѓорчев оствари средба и разговор со претседателот на ЕПП Доналд Туск на која се заблагодари за неговата поддршка кон ВМРО-ДПМНЕ и воедно го информираше за актуелните случувања во Македонија.
Претседателот Туск најави дека на почетокот на октомври ќе се оддржи посебен лидерски самит на ЕПП за Западниот Балкан, на кој е поканет претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На средбата со меѓународниот секретар на ЕПП Патрик Фолер стана збор за претстојните локални избори, на кои се очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ и ЕПП во наредниот период ќе ја интензивираат соработката, вклучително и билатерална соработка со ЕПП партиите, информираат од опозициската партија.