Орце Камчев е пријавен за издржување на едногодишната затворска казна за случајот „Империја“ потврдиле од затворот Скопје во Шуто Оризари за Телма. Освен Камчев, пријавен е и Ненад Јосифовиќ.
-Добив известување дека двајца осудени за случајот Империја се пријавени за издржување на затворска казна во затворот Скопје. Казната треба да почнат да ја издржуваат на 1-ви јуни, изјави за Телма директорот на скопскиот затвор Филип Андов.
.