Апелација за барањето за ослободување од притвор на обвинетиот Орце Камчев ќе одлучува следната недела, но тој Новата година нема да ја дочека во Шутка, туку во приватна болница. Камчев е пренесен во болница вчера поради болки во абдоменот, а со согласност со докторот во затворот и судијата Илија Трпков, објави Алсат.
Од болницата Систина за Алсат велат дека како приватна клиничка болница ја почитуваат приватноста на своите пациенти и нема да ја коментираат здравствената состојба на пациентите, ниту пак нивниот идентитет.
Пред два дена, како што е познато, од затворот во Шутка излезе Сашо Мијалков, откако Апелација одлучи да му го прекине притворот и да го пушти на слобода.