Холивудскиот актер Џорџ Клуни одигра бројни улоги, но сега откри дека во текот на снимањето на филмот „Еден убав ден“ со Мишел Фајфер , од 1996 година бил толку мамурен, што одвај успеал да ги сними сцените.
– Пијанството се случи непланирано. Претходната ноќ излегов со пријателите и се запивме, а кога добив порака дека снимам рано наутри, веќе наголемо бев пијан – откри актерот во една емисија и додаде:
– Кога се видов во огледало како изгледам ми беше јасно дека сè уште сум пијан. Отидов на снимањето и тогаш таа (Мишел) дојде до мојат априколка, седна, ме погледна, а ја само ѝ реков дека не знаев оти имаме закажно снимање. Таа само потврди дека е очигледно дека сум пијан. Не го заборавив својот текст, што е добро, но лошо е што баздев на алкохол. Прскаа сè и сешто околу мене да се неутрализира мирисот, но за џабе.