Актерот Џорџ Клуни, за новото издание на „W Magazine“ откри како се забавува кога е дома со децата и сопругата, пишува „CNN“.

Тој на шега рече дека за време на карантините станал мајстор за разни занаети.

Ќе ви кажам нешто за моите нови хобија. Пуштам по две, три машини за перење на ден и мијам садови по цел ден затоа што нашите деца се вистински мали прасиња“, се пошегува актерот.

А децата одвреме навреме треба да ги избањате… Еднаш му ја скрарив косата на син, си ја скратив и мојата, но тоа не беше многу успешно. Ама косата ќе му порасне за брзо.  Но, не се осмелив да ѝ направам фризура на ќерка ми, затоа што потоа ќе имам непријатни проблеми. Сопругата ми рече дека ќе ме убие ако ја допрам долгата коса на нашата прекрасна ќерка“, изјави холивудскиот актер кој со сопругата Амал ги имаат тригодишните близнаци Ела и Александар.

EPA-EFE
EPA-EFE/ANDY RAIN

Клуни сподели и неколку совети поврзани со консумирањето алкохолни пијалоци.

Мојата тетка Розмари еднаш одамна ми рече никогаш да не мешам житарици и грозје. Значи, текила и вино никогаш не одат заедно. Исто така, не треба да пиете вотка со шампањ. Ние од Кентаки го учиме тоа многу рано“, рече актерот.