Не е тајна дека славниот актер, продуцент, сценарист и режисер Џорџ Клуни е голем обожавател на Франција.
Имено, сега холивудската ѕвезда решил да направи една голема промена во својот живот, па заедно со своето семејство се селат на југот на Франција.

Иако имаат луксузна вила во Англија, Џорџ и Амал Клуни со своите деца, четиригодишните близнаци Александар и Ел наскоро ќе ги спакуваат своите работи и ќе се упатат кон југот на Франција.
Како што открија француските медиуми, актерот и неговата сопруга, адвокат за човекови права, наскоро ќе станат горди сопственици на имотот Канадел во Брињол. Интересно, Џорџ ќе биде оддалечен само неколку милји од неговиот добар пријател и колега Бред Пит и неговиот замок Миравал во Коренс.
Семејството Клуни ќе може да ужива во овој имот што се простира на околу 170 хектари, вклучувајќи 8 хектари винова лоза и голема шума околу имотот.

Засега, деталите околу продажбата на имотот се чуваат во строга тајност, а како што тврдат некои извори, сопственикот и Клуни треба да го финализираат договорот на 5 мај.
Инаку, славниот актер неодамна откри што мисли за повторното започнување на серијата „ER“ што го направи славен. Иако го гледавме како д-р Даг Рос во дури 15 сезони на култната серија, сепак за актерот враќањето во таа улога не изгледа како најдобра идеја.