Капитенот на одбојкарската репрезентација Никола Ѓорѓиев повторно одигра одличен натпревар и ги предводеше соиграчите со големата победа над Турција која ни донесе пласман на Европското првенство. Ѓорѓиев со 24 поени беше најдобар во триумфот на Турција од 3:1 што претставува реваш за идентичниот пораз на првиот квалификациски турнир.
– Ние одбојкарите остануваме постојано заедно, секој ден ни служи за анализа за играта. На пријателските натпревари послабо играме бидејќи ни е потребно време за да дојдеме до посакуваното ниво. Игравме слабо со БиХ на почетоко, се подобривме со Турција и потоа игравме се подобро за денеска да бидеме одлични. Игравме светска одбојка. Македонската јавност ќе има спортско лето, фудбалерите ќе играат на ЕП, ние сме на ЕП исто така, посакувам успех на ракометарите, а посакувам и Емил Павлов да обезбеди пласман на Олимписките игри – вели капитенот Ѓорѓиев.