Општина Тетово информираше дека градоначалникот Билал Касами на покана на неговиот колега од градот Каваја, Фисник Ќосја престојува во официјална посета во Албанија.

Двајцата градоначалници разговарале за можностите за соработка меѓу двата града, а од тетовската локална самоуправа најавија дека и градоначалникот на Каваја ќе биде поканет во Тетово.

– За време на престојот во Каваја, Касами оствари голем број значајни средби и активности.Во просториите на општина Каваја, градоначалниците Касами и Ќосја одржаа средба на која се разговараше за потенцијалот за соработка меѓу нив. Во тој контекст, се зборуваше и за изградба на нови мостови за соработка која во иднина се очекува да се продлабочи со потпишување меморандуми за соработка за продлабочување на врските меѓу двата града, се вели во соопштението од Општина Тетово.

Во рамки на посетата градоначалникот Касами ги посетил и општинскиот совет и градскиот парк на Каваја. Заедно со градоначалникот Ќосја засадиле дрво на пријателството, означено како симбол на продлабочување на врските меѓу Тетово и Каваја.