Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, заедно со вршителот на должност директор на Јавната установа „Национален парк Шар Планина“, Евзал Елмази, денес потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на меѓуинституционалното партнерство во насока на промоција на планинскиот туризам, заштита на животната средина и превенција од пожари во подрачјето на Шар Планина.
Овој меморандум претставува конкретна обврска за одржлив развој и одговорно управување со природните ресурси на подрачјето. Договорената соработка подразбира реализација на заеднички проекти и координирани активности, со што Шар Планина ќе се третира не само како еколошко богатство, туку и како економски потенцијал што придонесува кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Во својата изјава по потпишувањето, градоначалникот Касами нагласи дека планинскиот туризам, заштитата на природните богатства и грижата за животната средина повеќе не се посакувани опции, туку стратешки приоритети, кои ја дефинираат иднината на градот и регионот. Тој додаде дека оваа соработка претставува значаен чекор кон почисто, позелено и поразвиено Тетово, во согласност со природата.
Текстот Oпштина Тетово и Националниот парк „Шар Планина“ потпишаа меморандум за заштита на животната средина е превземен од МАКФАКС.