Општина Кавадарци ги повика земјоделците да пријават штети од град, предизвикани при невремето што го зафати подрачјето на кавадаречко на 27 јуни оваа година.

Преку јавниот повик објавен од кавадаречката локална самоуправа денеска, се повикуваат сите земјоделци погодени од природната елементарна непогода, да се пријават во просториите на Општината.

Пријавувањето на штетите ќе трае од трети до десетти јули, во Граѓански услужен центар.

– Покрај барањето, пријавите да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, трансакциска сметка и доказ за сопственост на имот,  имотен лист или договор за закуп, пишува во јавниот повик.