Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, Општина Илинден започна со изградба на тротоар на дел од улица „2“, во населба Илинден. Работите се одвиваат на потегот од раскрсницата на улица „2“ со улица „7“ до мост на секундарен А – канал, во должина од 220 метри, извести општина Илинден.
„Овој нов тротоар ќе обезбеди побезбедно движење на пешаците, што е значајно за сите жители на општината. Изградбата на пешачката патека е дел од поширокиот проект за реконструкција и подобрување на патната инфраструктура, кој има за цел да го подигне квалитетот на животот на граѓаните и да ја осигура безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Општина Илинден продолжува со реализацијата на тековните проекти и започнување нови, со цел да се обезбедат модерни и квалитетни услови за живеење во сите населени места на општината“, додаваат од општината.
Текстот Општина Илинден почна со изградба на тротоар на дел од улицата 2 во населбата Илинден е превземен од МАКФАКС.