На предлог на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, советниците на општина Гостивар за почесен граѓанин на градот го прогласија градоначалникот на општина Тирана, Ерион Велиај.
Како што информираат од Општината, предлогот на градоначалникот Арбен Таравари бил едногласно изгласан од советниците на 19. седница.
-Сакам да нагласам дека општина Гостивар го цени Велиај како човек со позитивна енергија, пример за начинот на кој ја трансформираше Тирана. Чест е да се има сограѓанин како Ерион. Тој се истакнува како градоначалник на Тирана со пристап проактивен, со позитивна енергија, со модерно лидерство, што не прави горди сите нас кои живееме во Гостивар и насекаде во Македонија, Косово и Албанија, истакнал градоначалникот Таравари.
Општина Гостивар во последните години има контиуирани соработки со Тирана во областа на образованието и во областа на културата.