Во просториите на Општина Чаир се одржа прес-конференција на која беше презентирана програмата на инфраструктурни проекти планирани за 2025 година, кои се дел од финансиската поддршка распределена од Владата за единиците на локалната самоуправа.
Беше истакнато дека вкупната вредност на инфраструктурните проекти за 2025 година изнесува околу 8.7 милиони евра, додека проектите кои веќе се во реализација во населбите Дижон, Саат Кула и Серава достигнуваат вредност од над 2.7 милиони евра.
„Преку посветен визуелен материјал, присутните имаа можност одблиску да ги следат конкретните проекти кои опфаќаат модернизација на подземните мрежи, реконструкција на патната инфраструктура, изградба на едукативни објекти како детски градинки, како и создавање нови јавни простори во сите населби на општината“, велат од Општината.
Текстот Општина Чаир добива 8,7 милиони евра за инфраструктурни проекти е превземен од МАКФАКС.