Општина Бутел информира дека продолжува со активностите за асфалтирање на улиците во населеното место Визбегово.

„Локалната самоуправа продолжува со силна динамика да ја подобрува патната инфраструктура во сите населени места во општината. Овие активности се реализирани преизборни ветувања на градоначалникот Дарко Костовски“, велат од општината.

Во тек е реконструкција и асфалтирање на вкупно 70 улици, со инвестиција од 150 милиони денари. Проектите имаат за цел унапредување на сообраќајот и зголемување на безбедноста на жителите.

Текстот Општина Бутел продолжува со асфалтирање на улиците во Визбегово е превземен од МАКФАКС.