Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за 2025 година на физички лица, односно поединци или група творци, кои се со живеалиште во Аеродром.
Признанијата се доделуваат како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во државата и во светот, а тие можат да се доделат и постхумно на истакнати аеродромци.
Рокот за пријавување трае заклучно со 7 април 2025 година (понеделник).
Кандидатите можат да се пријават лично, како и да бидат предложени од правни и физички лица.
Текстот Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени постигнувања во разни области е превземен од МАКФАКС.