Јужнокорејскиот информативен канал „ЈТН“ објави дека опозициската Демократска партија, на чело со Ли Јае-Мјунг, соопштила дека парламентот ќе се обиде да го укине претседателската воена состојба, пренесува „Ројтерс„.

Веднаш по соопштението на претседателот, опозицијата најави итна средба за последните околности.

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол, прогласи воена состојба, велејќи дека мерката е неопходна за да се заштити земјата од комунистичките сили.

Прогласувањето воена состојба не значи објава на војна, туку мерка која ѝ овозможува на војската да ја преземе контролата врз цивилните власти со цел да се одржи редот и безбедноста. Ова може да вклучува ограничувања на граѓанските права, како што се слободата на движење и собирање, и воведување медиумска цензура.

Ваквите мерки обично се преземаат во ситуации на сериозна закана за националната безбедност, како што се надворешни закани или внатрешни немири.