Критиките од опозицијата, медиумите и јавноста поврзани со договорот за изградба на 110 километри автопатишта од Киридорот 8 и 10Д се чисти шпекулации и тенденциозни невистини, вели Ејуп Рустеми, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, во интервју за телевизија Шења и порталот зоом.мк додавајќи дека во Законот за реализација на стратешки проекти е предвидено усогласувањето на девет други закони.
„Со предложените измени во законите не се заобиколуваат редовните процедури, туку само се скратуваат роковоите за експропријација и трансформација на земјоделското земјиште и на шумите во градежно земјиште со цел да градиме побрзо и поефтино“, објаснува директорот Рустеми.
Рустеми негира фека работниците со сила ќе се принудат да работат 60 часови месечно, туку по избор. „Градежништвото е сезонска работа. Ако напролет и летото не го користиме денот максимално, во зима кога се е замрзнато не можеме да поставиме асфалт“, вели Рустиеми и додава дека ако не обезбедиме на Бехтел и Енка 60 часови месечно, автопатот нема да се гради за четири години и седум месеци и ќе не чини поскапо.
Тој тврди дека изборот на фирмите за надзор бил трнспарентен, а цената на чинење е поефтино од сите досегашни автопатишта.
„Во овој проект за надзор плаќаме 1.6 отсто од целиот проект додека надзорот за автопатот Кичево-Охрид е 2.9 отсто од вкупната цена на чинење на автопатот, додека најскапо за надзор сме платиле за автопатот Смоквица грчка граница 5 отсто“, додава Рустеми.
Во врска со критиките за необјавување на договорот Рустеми одговара дека ниеден догововор за изградба на автопатиштата во земјата не се објавени затоа што тоа ја налага политиката на кредиторот и изведувачите.
„Бехтел гради и во Србија, Албанија и Косово, никаде не се објавуваат договорите затоа што не сакаат пред нивната конкуренција да ја откријат политиката на цените. ЕБРД нас ни забрани да ги објавиме договорите за изградба на експресните патишта од Криво Паланка до Деве Баир и од Кочани до Крупиште, но никој во јавноста не побара да се објават договорите“, се чуди директорот на ЈП Државни патишта.
Во врска со шпекулациите од опозицијата дека автопатот нема да се изгради, туку само ќе се платат пенали на изведувачот, Рустеми е убеден дека автопатиштата ќе се изградат и во брзо време јавноста ќе има можност да се увери во тоа.
Зборувајќи за протестот на архелозите, директорот вели дека го повлекле законот со цел граѓаните да не бидат жртва на разни дезинформации.
„Не би сакал да верувам дека имаа лоша намера. Прво требаше да дојдат да разговараме, затоа што никој нема намера да го уништува културното налседство“, истакнува Рустеми и се чуди што истите архелози не реагираа за оштетување на гробиштата кај античкиот локалитет Скупи.
Исто така, како злонамерни тој ги оценува и шпекулациите дека ќе се обесштетуваат и дивоградбите затоа што процедурите за обесштетување ги спроведуваат надлежни институции засновано на закон.