Владата е неспособна да се соочи со корона кризата и со имунизацијата на населението, а мерките кои ги донесоа пред неколку дена го потврдија тоа, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Коалицијата АА-ААА новите рестриктивни мерки на Владата ги наречи задолжителна обврска под услов со која се зголемува скептицизмот и негативно влијае на економијата на земјата. Бараат укинување на овие мерки или нивна модификација во соработка со професионалци од областа.
„Како опозициска коалиција, бараме укинување на овие мерки или нивна модификација во соработка со професионалци од областа. Да се формира комисија со здравствени работници, професионалци од областа кои цело време даваат предлози но и предвидувањата кои секогаш излегоа точни. Затоа предлагам што побрзо овие професионалци да се интегрираат.“, вели Беким Татеши.
Стекнувањето колективен имунитет ќе биде тешко и е нешто многу далечно, а четвртиот бран е поагресивен, сметаат од коалицијата АА-ААА. Како коалиција се ЗА вакцинација, но не со условувања и според начинот на Владата, а сметаат дека добар начин да се убедат граѓаните да се вакцинираат е верските лидери да повикуваат за вакцинација.