Судските реформи и борбата против корупцијата не се доволни. Во дебатата во емисијата „Патот кон“ опозицискиот пратеник, Халил Снопче, смета дека перцепцијата на меѓународните институции и граѓаните е дека земјата е потопена во корупција. Но, од ДУИ, велат дека оценката треба да се направи според докази и работа, а не според перцепцијата.
„Не сакам да ја поставам вака дебатата дека таму каде што има перцепција постои и реалност, затоа што ако вака се справуваме со овие појави, тогаш има перцепција и за министерот за култура, кој денес е член на парламентарната група на опозицијата од редовите на Албанците, перцепција има и за градоначалникот на Врапчиште и за градоначалникот на Боговиње. И тука не сакам да кажам дека перцепцијата е еднаква на реалноста, сè додека не се докаже во соодветна постапка.“
Според пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, скандалите докажуваат дека земјата не успева да се избори со криминалот и корупцијата, додека пратеничката на СДСМ, Бисера Костадинова, вели дека овие настани докажуваат дека има реформи во судството.
Стојкова и Костадиновска проценуваат дека земјата не треба да се спречи во нејзиниот пат кон ЕУ, поради спорот со Бугарија. Тие додаваат дека ЕУ треба да го одржи ветувањето дадено на Македонија, и да не ја држи во заложништво за прашања кои ги нарекуваат унилатерални, а не билатерални.