Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Текстот Опожарено возило во Аеродром е превземен од МАКФАКС.