На 09.10.2021 во 01.20 часот било пријавено дека во Кичево, во угостителски објект, настанал пожар, при што биле опожарени деловни простории кои ги користела политичка партија.

Од Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На местото излегле полициски службеници од Полициската станица Кичево.