Во текот на ноќта засега непознати сторители опожарија автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.
„Интензивно се преземаат дејства за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен“, велат од Јавното обвинителство Скопје и додаваат:
„Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмета, во кои во моментот интензивно презема истражни дејства. Истражните органи работат на расчистување на настанот и на целосно утврдување на причините“.
Текстот Опожарен автомобил на јавен обвинител, работел на два сензитивни случаја е превземен од МАКФАКС.