„2,5 милијарди денари или 40 милиони евра изнесува Оперативниот план за вработување за 2025 година кој опфаќа над 16.000 граѓани. Споредбено со минатата 2024 година, оваа Владата го зголеми истиот за рекордни 7,5 милиони евра“, велат од Владата.

„Со Оперативниот план фокус се става на младите и невработените лица со што како Влада покажуваме дека наш врвен приоритет е намалување на невработеноста преку креирање и отворање на нови работни места за граѓаните.

Оперативниот план опфаќа три категории и тоа, млади лица коишто сакаме преку овие мерки да ги задржиме во државата, невработени лица и лица корисници на гарантирана минимална помош со што сакаме да го подобриме нивниот животен стандард.

Исто така Оперативниот план за вработување оваа година за првпат има таргетирани мерки за поддршка на младите, односно поддршка за самовработување оваа година е проширена со две нови поддмерки и тоа:

Мерка-Поддршка за самовработување се однесува на невработени лица со минимум основно образование, односно невработените лица да започнат сопствен бизнис. Висината на финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 7.000 евра неповратни средства за започнување на бизнис.

Висината на подмерката поддршка за самовработување на млади невработени лица до 29 години изнесува 10.000 евра, односно тоа се неповратни средства за основање на сопствен бизнис.

Новина во овој оперативен план е исто така и подмерката е поддршка за самовработување со здружување на корисници до две лица да основаат бизнис. Висината на финансиска поддршка изнесува од 14.000 до 20.000 евра односно средствата од 20.000 евра се однесуваат за содружници кои се до 29 години.

Единствен предуслов кај сите мерките е невработените лица да бидат евидентирани како активни баратели на работа во центрите за вработување низ државата.

Нашиот приоритет е да ги стимулираме младите да го развиваат својот претприемачки дух, како и да продолжат да ја градат иднина во сопствената држава.

Остануваме посветени кон носење на мерки и проекти кои значат поквалитетен и подобар животен стандард за сите граѓани“, се наведува во соопштението на Владата.