
Според Обединетите нации, глобалните цени на храната последнава деценија растеле најмногу досега на месечно ниво. Расте загриженоста за зголемување на инфлацијата. Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство ги анализира цените на месото, шеќерот, млечните производи, маслото и житарките. На годишно ниво, цените на храната се зголемија за 39,7 проценти во мај. Тоа е најголемо месечно зголемување од октомври 2010 година. Најголемо поскапување има кај маслата, житарките и шеќерот. Експертите предупредуваат дека зголемената побарувачка и намалувањето на производството може да резултира со зголемување на инфлацијата, додека економиите излегуваат од изолација.