Британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека во следниот понеделник низ Англија ќе бидат отворени пабовите, продавниците, фризерниците и теретаните. Кафулињата, пабовите и рестораните ќе можат да ги послужуваат гостите на отворено или на терасите.
Тој додал и дека програмата за вакцинирање против Ковид-19 оди по план и дека стапката на заразеност е доволно ниска за од 12 април додатно да се ублажат ограничувањата, пишува „The Guardian“.
Џонсон изјавил дека се надева дека од 17 мај ќе се дозволат меѓународните патувања кои се неопходни.
„Се надеваме дека тоа ќе почне од 17 мај, но не сакам да изразам среќа и да ги потценам проблемите кои постојат во одредени земји во кои луѓето можеби би сакале да одат“, изјави Џонсон на конференција за новинари, додавајќи дека не сака случаи на заразата повторно да се увезуваат во Британија.