Сојузот меѓу САД и Велика Британија треба да биде познат како „неуништлив“, изјави британскиот премиер Борис Џонсон на првата негова средба со американскиот претседател Џо Бајден.
Џонсон, кој пристигна во Корнвол на самитот на лидерите на Г7, рече дека имал „одлични“ разговори со Бајден.
Самитот ќе започне подоцна, а на дневен ред се вакцините и климатските промени.
Џонсон инсистираше на тоа дека американскиот претседател не му замерил поради тензијата по Брегзит во Северна Ирска. Сепак тој вели дека Бајден е „длабоко загрижен“ за ситуацијата.