Министерката за образование Мила Царовска, најави дека наставата во основните и средните училишта ќе продолжи онлајн и во второто полугодие како најбезбеден начин да се оддржи континутетот на наставата, а и да се држи под контрола бројот на заразени во образованиот систем.
Царовска не исклучи можност да се оди и со настава со физичко присуство ако се смири епидемиолошката состојба, која ќе биде констатирана од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.
Таа негираше дека со новата концепција за основно образование наставниците ќе изгубат работа.
„Влегуваме етапно и постепено во основното образование, за да загарантираме квалитет и за да можеме да ги вклучиме сите засегнати страни кои имаат одредено мислење, вели Царовска.
Во врска со реакциите во јавноста за најавената реформа Царовска објаснува дека концепцијата за основно образование е дел од стратегијата за реформа во образованието 2018/2025 година.
„Јас верувам во демократски дискусии, верувам во коментари на сите професори кои ги даваат, тие се добронамерни, дел од нив се конструктивни и ги земаме во предвид за да на крај донесеме што подобра концепција за основно образование кое ќе значи квалитет во основно образование за сите деца кои се моментално во системот, но и за оние кои влегуваат, смета таа.