Пациенти кои се лекуваат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија тврдат дека со месеци се оставени без биолошка терапија и без лекот херцептин. Дека пациентите се жалат за недостаток на овој лек ни потврдија и од здружението за борба против ракот „Борка”, но од таму велат дека во нивна моќ е само да укажат на институциите, но не и да набават лек. Наспроти ваквите тврдења, директорот на Клиниката за МКД.мк, д-р Никола Васев вели дека херцептинот го имало во понеделникот и дека следната пратка за сите 210 пациенти на кои им е потребен ќе стаса најдоцна до вторник.

укажува на проблемитге, доколку се нема слух од извршната власт тоа веднаш да се реши. Ние како здруженија и алијанса се здруживме поради истите проблеми, подготвивме и испративме писмо – барање до сите институции со конкретни точки, но и укажавме дека дека сме отворени, со сите наши капацитети да помогнеме и да изнајдеме заеднички решенија. Мора сериозно да се сфати овој проблем и да се реши од корен. Од тендерите, од набавките, од одобрувањето на нови лекови на позитивна листа и достапност до дијагностички процедури, пациентите имаат проблем. Конкретно ќе ви кажам, имаме млади луѓе заболени од најлошиот вид на рак на кожа-меланом, кои веќе 4 месеци не ја примаат терапијата која ги одржувала во живот. Мајка ми почина од овој вид на рак токму поради недостапност до современи терапии кои можеа да и го спасат животот, се чувствувам беспомошно, многу терапии фалат а јас не знам што да им одговорам на овие луѓе, на овие семејства, бидејќи тоа не зависи од мене”, вели Додева.

Таа од пред неколку месеци е преселена во Загреб со нејзиниот сопруг и додава дека иако веќе не живее во Македонија, се уште и останува грижата за пациентите и ќе помага и во иднина. Сепак вели наоѓа и продолжи да наоѓа време и можности за да дојде почесто во Македонија и ќе се бори да се решат овие ситуации кои ги засегаат онколошките пациенти.

Редакцијата на МКД.мк уште во март објави дека пациентите со онколошки заболувања кои се лекуваат на ЈЗУ универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, се соочуваат со недостаток на биолошка терапија која е неопходна за нивно лекување, третман и подобрување на здравствената состојба.

Од Министерството за здравство тогаш одговорија дека немаат поплаки во однос на обезбедување на потребната терапија на пациенти кои се третираат на клиниката.

Превземено од Мкд.мк