Владата нема одговор кога контроверзниот Онишченко ќе остане без македонски пасош, иако и премиерот Ковачевски вчера во парламентот потврди дека е почната постапка за поништување на државјанството поради утврдени пропусти во безбедносната проценка на Украинецот, објави ТВ Сител.

Украинецот кој е на црната листа на САД и е проруски оринетиран тврди пак, дека нема ништо спорно во неговото државјанство. Напротив, вели контроверзниот Украинец имал план да инвестира во банка и да се занимава со спорт. Контакти со политичари од Македонија немал.

Повеќе на Сител.мк.