Вакцината против Ковид 19 не се сака со филерите и силиконите. Во декември, кај три жени кои примиле вакцина против ковид 19, а краток период претходно имале ставено додатоци во своето тело завршиле во болница со отоци и гушење. Докторката од пластична хирургија Смиља Туџарова за Канал 5 објаснува дека од четири недели до три месеци да не се ставаат филери пред примање на вакцината. Ова се дел од истражувањата што ги добиле хирурзите од пластична хриругија во светски рамки.

Но, не е така црно во делот на разубавувањето, докторка Туџарова објаснува дека и со липофилинг може да се направи подмладување, а воедно да и да се прими вакцината без последици.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.