Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, гo напушти кормиолото на косовскиот тим Трепча. Тој поднесе отставка по убедливиот пораз во последното коло од Приштина.
„Ја преземам одговорноста за поразот пред управата на Трепча. Ќе имам состанок со раководството на клубот за да разговараме како ќе продолжиме. Направивме некои промени и подобрувања со мисла дека ќе се подобриме. Овој тим на Трепча изграден од оваа управа е дизајниран да биде на врвот на табелата и да се бори и да освојува трофеи. И играчите треба да ја преземат одговорноста зад мене за денешниот пораз. Индивидуалната игра доминира и играчите размислуваат само за лична статистика. Вакви играчи не заслужуваат да го носат дресот на Трепча“, изјави Александар Јончевски./makfax/