Државите-членки на ОН усвоија буџет во износ од 3,231 милијарди долари за 2021 година.

Комитетот на Генералното собрание на ОН надлежен за административни и буџетски работи расправаше и го одобри буџетот за следната година, се наведува на веб-страницата на ОН.

Во октомври, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предложи буџетот за 2021 година да изнесува 2,99 милијарди долари, што е за 2,8 проценти помалку од буџетот за 2020 година.

Извор.МИА