Според извештај на Обединетите нации, во текот на изминатата година биле спречени пет обиди за атентат врз сирискиот претседател Ахмад ал-Шараа и министрите за внатрешни и надворешни работи.
Во извештајот на генералниот секретар Антонио Гутереш, подготвен од Канцеларијата на ОН за борба против тероризмот, се наведува дека нападите биле планирани од група наречена Сараја Ансар ал-Суна, која се смета за параван на Исламска држава. Локации на обидите биле северната провинција Алеп и јужна Дара.
ОН истакнува дека ИД сѐ уште активно се обидува да ја дестабилизира новата сириска власт и го користи безбедносниот вакуум во земјата. Претседателот ал-Шараа, поранешен лидер на Хаџат Тахрир ал-Шам, дојде на власт по соборувањето на Башар ал-Асад во декември 2024.
Во извештајот се наведува и дека ИД продолжува со активности низ Сирија, а во напад од заседа на 13 декември кај Палмира биле убиени двајца американски војници и еден цивил, додека биле ранети уште шестмина.
Текстот ОН: Спречени пет обиди за атентат врз сирискиот претседател и двајца министри е превземен од МАКФАКС.























