Извештај на Обединетите нации покажува дека ризикот од предвремена смрт од срцеви заболувања и од мозочен удар е поголем кај луѓето кои работат повеќе од 55 часа неделно.
Студијата на Светската здравствена организација на ООН (СЗО) и на Меѓународната организација на трудот (МОТ) е објавена на 17 мај во списанието „Енвајрмент интернешнл“ и претставува прва глобална проценка на ризиците врз животот и здравјето, поврзани со долгото работно време.
Студијата, која се фокусира на претпандемиските години (2000-2016), употребува податоци од десетици студии во кои биле вклучени стотици илјади учесници.
„Работата од 55 или повеќе часа неделно е сериозна опасност по здравјето“, изјави Марија Неира – директор на одделот за животна средина, климатски промени и здравство на СЗО.