Светската програма за храна на Обединети нации денеска предупреди дека во Појасот Газа има храна за само уште две недели, а  стотици илјади луѓе се изложени на ризик од тежок глад и неисхранетост.

Агенцијата со седиште во Рим соопшти дека има околу 5.700 тони резерви храна во Појасот Газа, што е доволно за две недели.

Израел повторно ја блокираше хуманитарната помош и ги продолжи воените операции врз палестинската енклава пред повеќе од една недела, прекршувајќи го прекинот на огнот.

Според ОН поради обновените израелски операции, само за седум дена се раселиле 142.000 луѓе.