Таканаречените „досиеја на Епстин“ неодамна објавени од Министерството за правда на САД содржат вознемирувачки и веродостојни докази за систематска и голема сексуална злоупотреба, трговија со луѓе и експлоатација на жени и девојчиња, што може да се окарактеризира како злосторства против човештвото, објавија денес експертите на ОН.

Како што наведуваат, овие дела може да се сметаат за сексуално ропство, репродуктивно насилство, присилно исчезнување, тортура, нечовечки и понижувачки третман и фемицид.

„Овие злосторства се извршени во контекст на супремацистички верувања, расизам, корупција, екстремна мизогинија и комодификација и дехуманизација на жени и девојчиња од различни делови на светот“, наведоа експертите на ОН во соопштение објавено на веб-страницата на Канцеларијата на ОН за човекови права, пренесува Танјуг.

Текстот ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото е превземен од МАКФАКС.