Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш најостро ја осуди воената акција и апсењето на премиерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи и други политички лидери, повикувајќи го военото раководство да ја почитува волјата на народот изразена на последните избори.
– Овие случувања претставуваат сериозен удар врз демократските реформи во Мјанмар. Сите релевантни лидери во државата треба веднаш да започнат дијалог и да се воздржат од какво било насилство, целосно почитувајќи ги човековите права и основните слободи, истакна портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.
Војската во Мјанмар изврши денеска државен удар против Владата на Аунг Сан Су Чи, која е уапсена, на денот кога пратениците трабаа да се вратат во Парламентот, првпат по изборите кои се одржаа во ноември минатата година,а кои војската ги смета за нерегуларни.
Војската прогласи вонредна состојба и соопшти дека апсењето на мјанмарската лидерка и други високи официјални претставници претставува одговор на изборната измама.